Најмистериозниот син на Анџелина Џоли и Бред Пит израснал во згодно момче: Се појавил во јавноста по жестокиот конфликт со татко му

Супермен

22/11/2022

18:10

12.429

Големина на фонт

а а а

Синот на Анџелина, Пакс Тиен, израснал во згодно момче, а на неговата мајка тој ѝ е една од најголемите поддршки.

Славната актерка и убавица Анџелина Џоли била „уловена“ во друштво на синот Пакс Тиен којшто важи за најтаинствениот член на семејството и ретко го гледаме во јавноста. Имено, тие поминале едно попладне заедно, прво биле на шопинг, а потоа отишле во ресторан на вечера.


После долго време, папарацо фотографите го фотографирале Пакс, па може да видиме дека пораснал во вистински заводник. Меѓутоа, не сака да се експонира во јавноста и ги избегнува медиумите, а дека реално е така кажува и фактот што не се појавил на сопствената матура токму поради страв од медиумското внимание.

Конфликт со татко му

Како што се пишуваше во странските медиуми, Тиен не е во добри односи со Пит поради конфликтот со братот Медокс.

Џоли за медиумите открила дека Бред е во конфликт со најстариот син, односно дека истиот се случил додека тој бил во алкохолизирана состојба. Тогаш Пакс веднаш застанал во одбрана на својот брат, па така односите со неговиот татко оладиле. Во целата ситуација дополнително била вклучена и полицијата и социјалната служба.


Меѓутоа, иако Пит демантирал дека дошло до конфликт, наводно од тој момент нити Медокс ниту Пакс немаат никаков контакт со него.

Од друга страна пак, Пакс повеќе е поврзан со неговата мајка која му е сè во животот. Инаку, Тиен е посвоено дете, роден е во 2003 година во Виетнам како Пам Куанг Санг, а за неговите вистински родители не се знае ништо. Актерите го посвоиле кога имал само три години.


„На почеток мислев дека нема да посвојам дете од Виетнам зошто Медокс е од Камбоџа, а тие две земји имаат комплексна историја“, изјавила Анџелина во една прилика алудирајќи на воената ситуација.

Пакс тргнал по стапките на Анџелина и Пит и веќе почнал да стекнува искуство во глумата. Работел заедно со мајка му на проектите „Maleficent“ и „Kung Fu Panda 3“.

Освен тоа тој заедно со својот брат Медокс учествувал во остварувањето на воениот филм на Анџелина „First They Killed My Father“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk