„Abarth“ неодамна ја претстави својата верзија на моделот „500“ за 2023-та година, а сега пристигна и електричниот „500e“.
„Abarth 500e“ е базиран на најновата верзија на популарниот италијански модел, што значи дека нема мотор со внатрешно согорување, туку електричен мотор кој ги придвижува предните тркала. Освен тоа, „Abarth 500e“ е помоќен од стандардниот модел на „Fiat“.
Електричниот „Fiat 500“ развива 117 коњски сили и 220 Nm вртежен момент, додека верзијата на „Abarth“ испорачува 155 коњски сили и 235 Nm. Дополнителните 38 коњски сили и 15 Nm можеби не се огромен скок, но електричниот хечбек од 0 до 100 км/ч забрзува за 7 секунди, односно 2 секунди побрзо од стандардниот електричен модел.
„Abarth“ направил и тестови за да се провери колку електричниот хечбек е побрз од моделот 695 со 1,4-литарски турбобензински мотор, а утврдено е дека од 20 до 40 км/ч доаѓа за секунда порано. Споредбите на патеката „Misto Alfa Romeo“ покажале дека електричниот модел е побрз од „Abarth 695“ за една секунда.
Моќниот „500e“ поседува поголема батерија со капацитет 42 kWh која поддржува полнење на силата до 85 kW. Петминутно полнење е доволно за преминување на 40 километри, додека батеријата ќе се наполни до 80 проценти капацитет за 35 минути.
Максимално опремената прва верзија „Scorpionissima“ е ограничена на 1.949 примероци и ја означува годината на основање на „Abarth“. Може да се добие во „acid“ зелена и „poison“ сина боја, а двете се комбинираат со странични графики. На автомобилот се ексклузивни 18-инчни бандажи, а опремен е и со низа детали вклучувајќи фиксен стаклен кров, затемнети задни стакла, спортски педали и челични плочки на праговите.
Спортските седишта со изразени странични потпори имаат функција за греење и се покриени со Алкантара. Седиштата имаат интегрирани потпирачи за глава кои се украсени со ласерски направен модернизиран логотип на „Abarth“ во ацид зелена боја. Логотипот се наоѓа и на менувачот.
Десно од 7-инчниот кластер има 10,25-инчен екран чувствителен на допир со безжични „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ системи.
„Abarth 500е“ доби автоматски предни светла и бришачи, „keyless“ систем за влегување во автомобилот, безжичен полнач за мобилен, 360 камера, „JBL“ озвучување и автоматски клима-уред.
Треба да се каже дека „Abarth 500е“ е достапен и како кабриолет со црвен мек кров.