„Дали таа ти е ќерка или внука?“: Славниот актер нон-стоп го прозиваат поради врската со 39 години помладата девојка

Супермен

25/11/2022

14:03

8.484

Големина на фонт

а а а

Долф Лундрген неодамна се појавил во Њујорк со својата речиси 40 години помлада вереница.

Оваа врска сите ја оспоруваат, а што ќе кажете после сите овие детали?

Како што покажуваат фотографиите, славниот актер сè уште се бори со повредата на ногата, а неговата вереница Ема Крокдал (25) многу внимава на него.


Меѓутоа, ниту една нивна заедничка фотографија или гест не ги ублажила критиките на нивната врска, напротив. Тоа што другите најмногу им замеруваат е разликата во годините. Да ве потсетиме, јунакот на акциските филмови има 65 години.

Актерот на својот профил на Инстаграм често објавува заеднички фотографии со вереницата. Како по некое правило, таквите фотографии ги следат коментари: „Дали таа е твоја ќерка или внука?“, „Ќерка ти е многу висока“, „Убаво е што го поминуваш времето со својата ќерка“.


Оние кои се упатени во животот на актерот, порачуваат: „Помлада е 39 години! Славата и богатство ги остваруваат желбите“.

Долф и Ема се во врска од 2019 година, а се вериле во јуни 2020 година. Се запознале во теретана каде таа работи како фитнес-инструктор. Според одредени извори, тајно се венчале.

Откако се дознало за нивната врска, многумина ја коментираат „непримерната“ разлика во годините која ја имаат, па дури и споменуваат дека Ема личи на постарата ќерка на актерот.


Шведскиот актер кој зад себе има два брака е татко и на 20-годишната Грета, а за својата сегашна врска изјавил: „Многу сум среќен што имам некој како што е Ема на овие години. Тоа го смени мојот живот и се надевам дека можам да си обезбедам поддршка и помош кои долго ги барав“.

Како вие ја коментирате врската во која меѓу партнерите постои голема разлика во годините?



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk