„Binance“ издвојува милијарда долари за закрепнувањето на индустријата со криптовалути! На играчите им е потребна помош по колапсот на „FTX“

Точка

25/11/2022

16:53

12.579

Големина на фонт

а а а

Менувачницата за криптовалути „Binance“ во четвртокот објавила нови детали за својот фонд за закрепнување на индустријата, чија цел е да ги поттикне играчите кои се борат по катастрофалниот банкрот на „FTX“.

Во објавата на блогот, од „Binance“ навеле дека издвојат милијарда долари во почетните обврски за фондот за закрепнување. Може да го зголемат тој износ на две милијарди долари во некој момент во иднината доколку се укаже потреба, додала компанијата.

Извршниот директор на „Binance“ Ченгпенг Жао ја споделил адресата на јавниот паричник покажувајќи ја неговата почетна посветеност и рекол: „Ова го правиме транспарентно“.


Јавните податоци за блокчејнот кои ги прегледал „CNBC“ покажале состојба од околу милијарда долари во „BUSD stablecoin“ во сопственост на „Binance“.

„BUSD“ е стејблкоин кој го издава компанијата за блокчејн инфраструктура „Paxos“, а го одобрува и регулира Министерството за финансиски услуги на државата Њујорк, се наведува на веб страната на „Paxos“.


Фондот е обид на „Binance“ да ја одржи критпоиндустријата откако берзата „FTX“ на контроверзниот претприемач Сем Бенкман Фрид на почетокот на овој месец поднесе барање за банкрот.

Жао се појави како спасител на оваа индустрија, пополнувајќи ја празнината која ја остави Банкман-Фрид, чија компанија купувала или вложувала во бројни крипто компании – од „Voyager Digital“ до „BlockFi“ – пред својот колапс.


Неуспехот на „FTX“ делумно е предизвикан од твитот кој го објави директорот на „Binance“ а кој го насочил вниманието кон извештајот на „CoinDesk“, кој го поставува прашањето за неговото сметководство. Од брзиот пад на „FTX“ пред две недели, вложувачите се загрижени поради можната зараза на криптовалутите која би го зафатила секој агол од индустријата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг