Инстант хит: Распродаден за помалку од 24 часа

Точка

28/11/2022

12:22

11.634

Големина на фонт

а а а

Биле потребни помалку од 24 часа да се распродадат сите достапни примероци. А ги има многу.

Имено, „Hyundai“ на 9-ти ноември започна со продажбата на моделот „Ioniq 6“ на некои европски пазари.

Однапред понудил 2.500 примероци, што очигледно не било доволно бидејќи сите примероци биле купени до следното утро.


Треба да се има на ум дека моделот бил понуден во Германија, Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка.

Среќниците кои успеале да го резервираат својот примерок мораат да почекаат најрано до март следната година. Сите останати ќе мора да почекаат до пролет.


„Hyundai Ioniq 6“ во првото издание го придвижуваат два електромотори со вкупна сила од 325 коњски сили и 605 Nm, а батеријата има капацитет од 77,4 kWh. Во Германија е понуден по почетна цена од 66.400 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг