Љубовницата на принцот Хари ги изнела деталите од нивната љубовна афера во јавноста: „Беше моја играчка, никогаш не почувствував поголема страст“

Супермен

28/11/2022

19:46

9.574

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари имал афера со 13 години постара жена додека бил во врска со тогашната девојка, а таа деталите од нивната афера ги изнела во јавност.

Пред да се венча со Меган Маркл, принцот Хари имал прилично бурен љубовен живот. Иако имал официјални врски со свои врснички, очигледно дека ретко на која ѝ бил верен, што за британските медиуми го потврдила Кетрин Оман која се прославила низ реалити шоуто „Real Housewives of DC“.

Хари и Кетрин се запознале кога тој имал 21 година, а таа 34 и две деца. Кога ја започнале тогашната двомесечна романса тој бил во сериозна врска со Челси Дејви.


„Се сомневам дека ќе бидам во книгата на Хари затоа што принцот не може да ја признае врската со 34-годишна мајка на две деца, едноставно е“, раскажала таа за „The Sun“.

Кетрин раскажала дека по запознавањето во барот тие отишле во некој клуб во јужен Кенсингтон за потоа да завршат во куќата на негов пријател. Истакнала дека Хари целосно ѝ се отворил и зборувал за неговиот живот.

Потоа направиле сендвичи, па танцувале. Му кажала дека мора да си оди дома и тогаш се бакнале. Тие се виделе уште неколку пати, меѓутоа кога се дознало за нивната афера морале да ја прекинат.

Кетрин за принцот кажала дека бил нејзина играчка, но и дека од него го добила најстрасниот бакнеж во животот.

„Хари и јас пушевме цигари на скалите надвор и тој навистина ми се отвори. Потоа отидовме горе во тоалетот и започнавме да се однесуваме како тинејџери, пеејќи со четките за заби како да се микрофони. Влеговме во кадата облечени и еден наш пријател нè фотографираше со мојот телефон. Потоа отидовме во кујната и тој направи одличен сендвич со сланина. Седевме и разговаравме. Кога му кажав дека морам да си одам, мислам дека се прегрнувавме 15 минути. Тогаш ме фати за половината и ме „залепи“ за ѕидот. Ми го даде најневеројатниот, најстрасниот бакнеж којшто некогаш сум го доживеала во животот. Останав целосно без зборови“, открила Кетрин.


Дури во 2009 година, една година откако Оман се венчала за друг, тие двајца повторно се сретнале на поло натпревар, биле пријателски расположени.

„Се надевам дека Меган ќе внимава на него. Му посакувам среќа и успех. Тој е многу храбро, харизматично, неверојатно забавно, интелигентно и мило човечко суштество“, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk