Саутгејт се двоуми дали Хари Кејн да биде стартер против Велс

Макфакс

29/11/2022

15:48

1.758

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Англија, Хари Кејн, е целосно подготвен да игра против Велс, но селекторот Герет Саутгејт ја чува во тајност одлуката дали ќе му даде место во почетните единаесетмина за вечерашниот меч против Велс во третото коло на СП.

Кејн заработи повреда во убедливата победа од 6:2 на отворањето против Иран, но играше и против САД, што предизвика влошување на повредата на ногата. Се мачеше во играта и беше забележливо дека е далеку од неговата најдобра форма.

Англија вечерва на стадионот „Ахмед бин Али“ игра против Велс и шансите за пласман во нокаут фазата се големи, а Саутгејт ја истакна потребата тимот да се балансира меѓу „свежината и стабилноста“.

Пред натпреварот со Американците, тој изјави дека ќе биде храбра одлука доколку Кејн не го започне мечот.

„Ќе избереме тим за кој веруваме дека може да победи на натпреварот. Тоа е секогаш наш приоритет. Кејн е добро со повредата која ја доби против Иран. Ногата му е добро, излезе да тренира. Единствениот кој дефинитивно е надвор од теренот е Бен Вајт поради болест“, изјави Саутгејт пред дуелот со Велс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг