Ги „уловил на дело“: Раперот Канје Вест јавно откри со кого го изневерувала неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан

Супермен

02/12/2022

14:16

13.400

Големина на фонт

а а а

Со Канје Вест никогаш не знаете што да очекувате, а сега со откривањето на детали отишол чекор понапред и мајката на своите четири деца јавно ја обвинил за неверство.

Раперот и дизајнер Канје Вест е познат по своите контроверзни и непримерни изјави, особено на социјалните мрежи. Поради тоа често пати Твитер му го затвораше профилот, но кога ќе ја добие својата шанса и профилот назад барем накратко, Канје секогаш има нешто бомбастично да соопшти.

Канје синоќа јавно ја обвинил големата НБА ѕвезда дека имал афера со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Станува збор за Крис Пол, плејмејкерот на екипата Феникс Санс.

„Ова бомбастично обвинување пристигна истиот ден кога Канје беше на трендинг на Твитер поради своето интервју со Александар Џонас во кое го фалеше Адолф Хитлер и кажа шеги со антисемитски тон, а говорел и за неодамнешниот состанок со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп“, објасниле новинарите на „NBC News“.

Интервјуто станало едно од најактуелните приказни на интернет вчера, а доминирале дискусиите на социјалните мрежи со часови. Хаштагот Канје бил на трендинг на Твитер, но и на Google Trends.

Канје често знае да пишува голем број објави на Твитер со најразлични содржини. Така веднаш потоа со еден Твит ја кренал Америка на нозе. Секако истиот се однесува на тоа што ја обвинил ѕвездата на Финикс за афера со неговата поранешна сопруга.

Засега ниту Крис ниту Ким не се огласиле по тој повод, па ни преостанува само да чекаме и да видиме каков ќе биде нивниот одговор на тоа.


Од друга страна пак, не се сомневаме дека Канје ќе има што уште да соопшти на неговиот профил до тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk