(Видео) „Престанете да го вбризгувате тоа с*ање“: Озлогласениот член на жирито на „X Factor“ шокираше со својот изглед!

Супермен

02/12/2022

16:30

16.987

Големина на фонт

а а а

Британскиот водител, продуцент и претприемач, Сајмон Кауел ги шокираше своите обожаватели со изгледот на неговото лице.

Имено, на официјалниот Твитер профил на британското издание на „X Factor“ е објавено видео на кое Кауел ги повикува луѓето да се пријават на аудиција за новата сезона на шоуто, но фокусот останал на неговото лице.

Во коментарите на Твитер луѓето велат дека неговиот изглед е загрижувачки, дека претерал со ботокс или естетска хирургија и дека е непрепознатлив.

„Не коментирам за изгледот на другите луѓе, но неговото лице изгледа како да се топи“, напишал еден корисник на Твитер, додека друг се надоврзал со коментарот: „Изгледа некој заборавил да ги исклучи филтрите на Snapchat“.

„Изгледа пластично, лажно, дали носи маска“, прашува трет корисник на Твитер.

„Каде му исчезнаа рамената и зошто има толку тенок врат“, забележал четврт корисник.

„Луѓе, треба да престанете да го вбризгувате тоа с*ање во вашето лице“, „Свети Боже, едвај го препознав“, се уште некои од негативните коментари.

Инаку, Кауел нема проблем да зборува за естетските корекции, а признал и дека третманите ги започнал во 2016 година, бидејќи сакал да изгледа помладо. Тој своевремено изјавил и дека еднаш отишол толку далеку со ботоксот што син му се исплашил, па ветил дека повеќе нема да го користи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk