(Фото) „Aston Martin“ ја дизајнираше својата прва ултралуксузна вила во Јапонија

Супермен

02/12/2022

17:42

5.267

Големина на фонт

а а а

Во текот на последните неколку години, британскиот произведувач на луксузни автомобили „Aston Martin“, не само што вложува напори во градењето хиперавтомобили кои ѝ пркосат на физиката, туку се прошири и во светот на недвижнините.

Додека „Aston Martin Residences“ е во фаза на изградба во Мајами на Флорида и натаму неговиот водечки проект, произведувачот на автомобили исто така носи нова магија во дизајнос во независните луксузни вили.

Уште во 2020 година „Aston Martin“ претстави восхитувачка куќа „Sylvan Rock“ вредна 7,7 милиони долари која ја следеле пет исклучително луксузни куќи во Њујорк. За својот најнов проект „Aston Martin“ се здружил со јапонскиот лидер во областа на луксузните недвижнини „Vibroa“ за да изгради прв азиски дом којшто го дизајнирал „Aston Martin“.


Сместена во областа Минами Аојама во Токио, четирикатната зграда е вистинска архитектонска убавица.

„Однадвор креиравме впечатлива архитектонска форма со чисти линии и беспрекорни граници така што станарите можат да се поврзат и да ја искусат оваа единствена локација. Внатре се погриживме за сетилата, користејќи холистичка комбинација на елементи и материјали за да создадеме мирен простор за опуштање“, изјавил главниот креативен директор на „Aston Martin“, Марен Рајхман.

Тимот дизајнери од „Aston Martin“ соработувале со локални архитекти не само на дизајнот на екстериерот, туку и на ентериерот на зградата, вклучувајќи избор на мебел.


Почнуваји од екстериерот, зградата има целосно модерен дизајн, но и некои интересни стилски елементи вклучуваат вертикални греди кои ја покриваат цела фасада на зградата освен тлото кое нè асоцира на решетка од фрижидер и го кријат балконот којшто е исполнет со растенија кој содржи приватно џакузи.

Во приземјето се наоѓа автомобилска галерија која претставува отмена отворена гаража која прикажува возила на сопствениците на гламурозен начин. Осветлени се со плафонски светла кои ги нагласуваат нивните облини. Автомобилската галерија исто така има стаклен ѕид свртен кон трпезарија во приземјето за сопственикот да ја цени убавината на своите автомобили додека ужива во вкусните оброци.


Ентериерот во голема мера содржи црно дрво кое се користи за обложување на ѕидовите и плафонот, додека пак терасата има и мал тревник и тераса заедно со отворена кујна и трпезарија. Задната страна на зградата е покриена со прозорци од подот до плафонот на секој кат.

Луксузната вила вклучува вински подрум, домашно кино и теретана. Куќата „Aston Martin“ е сè уште во изградба и се очекува да биде завршена до ноември 2023 година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk