Објавена тајна за виралните видеа на ТикТок - вработените одлучуваат дали некое видео ќе биде гледано или не

Супермен

24/01/2023

12:45

3.760

Големина на фонт

а а а

Конечно пристигна потврда за она за кое долго време се сомневаше, а станува збор за тајна во врска со виралните ТикТок видеа.

Имено, шест поранешни и сегашни вработени во ТикТок потврдиле за „Forbes“ дека одредени работници во американското одделение на оваа компанија поседуваат неверојатна моќ, поради која едно видео станува вирално.

Станува збор за тајно оружје на вработените кое им дава опција за „бустирање“ на видеото, со цел да добие поголем досег на платформата и обично се користи за да ги „воведе славните личности и креаторите во подем во ТикТок заедницата“.

Ваквото големо признание доаѓа по повеќегодишните шпекулации за тоа дека постои скриена опција која може да се користи за зголемување на бројот на прегледи на видео, до огромни бројки.


Скриената опција го заобиколува алгоритмот на ТикТок, а станува збор за „оперативна интервенција со цел да се постигне одреден број прегледи на некое видео“, објаснуваат вработените.

Според документите до кои дошол „Forbes“, ваквите видеа сочинуваат 1-2 отсто од вкупните дневни прегледи на платформата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk