(Видео) Генерација Z ги „отфрла“ паметните телефони – поинтересен им е овој ретро додаток

Супермен

24/01/2023

18:28

4.693

Големина на фонт

а а а

Фармерки со низок струк, Uggs чизми, телефон на преклоп, дигитален фотоапарат... Доколку помисливте дека сте отпатувале на почетокот на 2000-те, се лажете, зошто токму така изгледа секој „кул“ припадник на генерацијата Z.

Враќање во минатото

Судејќи според омилената апликација на генерацијата Z – ТикТок, дигиталните камери се вратија во мода. Хаштагот „digitalcamera“ забележал голем пораст, а видеата снимени со култниот „Nikon COOLPIX“ добиваат милиони прегледи, пренесува „NYT“.

„Стари времиња“

Тиктокерката Челси Икс ги повикала луѓето што побрзо да пронајдат камера од раните 2000-ти години, опишувајќи ги фотографиите како „многу ретки“. Многумина го поставуваат прашањето за тоа како функционира оваа камера од старите времиња.

„Како после доаѓаш до фотографиите?“, прашал некој корисник на ТикТок, додека друг додал: „Имам една од мајка ми од 2007 година“,

На матура со дигитален фотоапарат

Ентони Табарез е еден од припадниците на генерација Z којшто преминал на користење на дигитален фотоапарат.

Тој го понел својот „Olympus FE-230“ на прослава на матурата за да се фотографира со своите пријатели без оглед на тоа што фотоапаратот е стар колку што е тој.

„Кога имате нешто што ви е драго да го снимите, тоа е повозбудливо. Навикнати сме на нашите телефони“, рекол за „NYT“ тој.

Со него се согласува и друга припадничка на генерацијата Z, 22-годишната Зуниа Работсон која смета дека работите од овие денови стануваат „малку премногу технолошки“ и дека „враќањето во минатото е одлична идеја“.

Инаку, побарувачката за „Nikon COOLPIX“ фотоапаратите се зголемила за дури 90 отсто во изминативе години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk