Повеќе не крие ништо: Пике ја објави првата заедничка фотографија со неговата девојка Клара

Супермен

26/01/2023

09:43

10.124

Големина на фонт

а а а

Жерар Пике ја објави првата заедничка фотографија со девојката Клара Чиа Марти со која ја изневерувал Шакира.

Фотографијата досега има 2,5 милиони лајкови, а бројни фанови на пејачката му коментирале дека „заменил 'Rolex' со 'Casio'“, што е стих од нејзината нова песна посветена токму на фудбалерот.

Меѓутоа, се чини дека новиот славен пар не се осврнува на критики.

Иако шпанските медиуми неодамна објавија дека Пике ја изневерил и Клара со адвокатката Џулија Пуиг, со новата фотографија парот одлучил да ги демантира ваквите шпекулации.


Фудбалерот ја започнал љубовната афера со Чиа Марти во 2021 година и ја доведувал во домот во кој живеел со Шакира. Со неа се раздели во јуни минатата година.

Шакира и Пике постигнаа договор за старателство над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk