Златниот пресек пресуди: Овој актер е прогласен за најубав маж на светот

Супермен

26/01/2023

10:39

11.785

Големина на фонт

а а а

Актерот Реге-Жан Пејџ (34), ѕвездата на серијата „Bridgerton“, според древните научни истражувања е најубавиот маж на светот.

Британскиот естетски хирург Џулијан Де Силва направил листа со помош на најновите техники на компјутерско мапирање, а на прво место се најде Реге-Жан, кој со грчкиот златен пресек за убавина „Phi“ се поклопува дури 93,65 отсто.

Веднаш зад него следи Крис Хемсворт (39) чие лице има прецизност од 93,53 отсто според златниот сооднос. На трето место се најде Мајкл Б. Џордан (35) со 93,46 отсто, а на четвртото е Хари Стајлс (28) со 92,30 отсто.

„Овие потполно нови техники на компјутерско мапирање нѝ овозможуваат да решиме некои од најголемите мистерии за тоа што човекот го прави физички убав, а технологијата е корисна и при планирање на операции кај пациенти“, изјавил докторот за „Daily Mail“.


Ѕвездата на „Bridgerton“ добил највисока оцена за растојанието помеѓу очите и висока оцена за нивната положба, а Де Силва за него вели:

„Тој има класично убаво лице и прекрасни кафеави очи. Неговите совршено обликувани усни исто така добија висока оценка, а единствената пониска оценка која ја доби е ширината и должината на носот“.

За Крис Хемсворт, Де Силва вели:


„Тој поседува старомоден гламур на некогашните холивудски ѕвезди и тоа дава многу висок резултат кога ја мерите класичната убавина“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk