Покрај неа 31 година постариот сопруг изгледа како старец: Нејзе одвај ја препознале, a јавноста се запрашала само едно нешто

Супермен

26/01/2023

14:56

12.817

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Венсан Касел се појавила во невидено издание на модната Недела во Париз, додека сите се прашувале зошто покрај не е славниот актер.

На модната Недела во Париз прошетаа најистакнатите ѕвезди, додека секој од нив се трудел да изгледа подобро што може и да заблеска во полн сјај.

Францускиот актер Венсан Касел и неговата 31-годишна помлада избраничка привлекуваат погледи каде и да се појават, но овојпат Тина Кунаки била главната ѕвезда на забавата на „Гучи“.

Вообичаено Кунаки главно ја гледаме разголена, додека во прв план е нејзиното прекрасно тело и тен.

Меѓутоа, овојпат таа се покажала во друго светло, па на приемот на „Гучи“ носела кожен мантил со впечатлив принт. Под мантилот доминирале црните чизми, а бисерниот ѓердан го заокружил целиот нејзин изглед.


На ревијата на Александар Вотијер се појавила во друга комбинација и ги изненадила присутните, оние кои не навикнале да ја гледаат закопчана до грло. Тина заблескала во вонвременски беж мантил и покажала дека ниту така облечена не изгледа помалку атрактивно.


Инаку, ова е една од ретките ситуации во кои Тина можеме да ја видиме сама поради тоа што Касел не се одвојува од неа. Без оглед на коментарите дека разликата во годините е и повеќе од очигледна и дека актерот покрај својата сопруга изгледа како старец, сепак нивната љубов сè уште трае.

Парот се венча во 2018 година, а круна на нивната голема љубов е и ќерката Амазонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk