Ова е најплатениот холивудски актер, а еве колку заработува само од еден изговорен збор

Супермен

31/01/2023

10:05

5.686

Големина на фонт

а а а

Том Круз е најплатениот актер во Холивуд, а земајќи ја предвид неговата заработка во текот на кариерата објавен е и износот којшто го заработува по изговорен збор.

Актерските вештини на Круз во комбинација со духот за работа и продукцијата на филмовите како „Mission: Impossible“, му овозможила да добие и процент од заработката, а не само фиксна плата од многу успешните остварувања во кои глумел, па поради тоа актерот е на врвот од листата најплатени во Холивуд.

Во прилог е и фактот што тој е едно од оние имиња кои прават повеќе промоции на филмовите отколку сите други.


„Website Casumo“ наведува дека врз основа на досегашната заработка, не пресметувајќи го продолжението на „Top Gun“, Круз заработува по 7.091 долари од збор, што значи 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

Актерите кои се на второ и трето место, Курт Расел и Џони Деп, заработуваат по „само“ 5.682 долари и 4.877 долари од изговорен збор. Кога станува збор за актерките, Камерон Дијаз која сега е во пензија „заостанува“ со 4.637 долари од збор.

„Casumo“ не ги открива точните методи за пресметување на заработката, но делува дека се зема предвид целокупната актерска кариера.


Инаку, „Top Gun: Maverick“ не беше само еден од најдобрит филмови за 2022 година туку и еден од најпрофитабилните, а заработил 1.489 милиони долари со буџет од само 170 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk