Џеф Безос морал да го преименува „Amazon“, луѓето го мешале оригиналното име со морбиден збор

Супермен

02/02/2023

16:18

5.436

Големина на фонт

а а а

Кога ја основал „Amazon“ во 90-те години на минатиот век, мултимилијардерот Џеф Безос првично не планирал тоа да биде името на популарната онлајн продавница.

На ум имал потполно поинаков назив за компанијата, но неговите соработници не биле воодушевени од името и на крајот истото било променето.

„Amazon“ на почетокот се викал „Cadabra“, што е изведенка од зборот „Abracadabra“, и така функционирал некое време сè додека адвокатот на Безос чул дека луѓето погрешно го изговараат „Cadabra“, односно наместо „Cadabra“ го чул зборот „cadaver“ што во превод значи леш.


Бидејќи не сакал да се доведе во ситуација името на неговата компанија да потсетува на лешови, Безос го променил името во „Amazon“.

Компанијата денес е вистинско деловно царство кое се состои од онлајн продавница, а има и сопствена стриминг платформа, снима свои серии, а планира да испрати и луѓе во вселената.

Безос денес „тежи“ околу 171 милијарди долари и е една од најбогатите личности на светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk