(Видео) За „Застава 101“ не постојат препреки: Погледнете ја урнебесната реклама за автомобилот во стил на Џејмс Бонд

Супермен

03/02/2023

14:12

6.227

Големина на фонт

а а а

Иако одамна престана да се произведува „Застава 101“ таа остана во сеќавањето на многу од љубителите на автомобилите.

Некои од луѓето со овој автомобил пораснале, на некои тоа им бил првиот автомобил, некои имале лошо искуство со него, но едно е сигурно – популарната „Застава 101“ е еден од легендарните автомобили од нашите простори.


Овој автомобил бил миленик на многу од купувачите во Југославија, а некои и денес се колнат дека подобар автомобил од него нема. Главно, мислејќи на квалитетот на каросеријата.

Овој автомобил имал некои култни реклами од кои посебно се издвојува забавната реклама на снег. Во главна улога секако дека е „Застава 101“ која поминува по снежните патишта. Возење во стилот на Џејмс Бонд, но крајот од рекламата сигурно ќе ве насмее, па погледнете што се случило со возачот.

Инаку, „Застава 101“ бил еден од најдолгоочекуваните модели од крагуевската фабрика за автомобили „Застава“, а настанал на база на „Фијат 128“, со малку изменет заден дел. Наместо класичен поклопец за багажникот, „Заставата“ добила скратен закосен заден дел и пет врати со што станала еден од првите класични „хечбек“ автомобили.

„Застава 101“ започнала да се произведува од 15 октомври 1971 до 20 ноември 2008 година и произведени биле повеќе од милион примероци.

Милионитиот број на „Застава 101“ бил произведен во 1991 година, а рекордната годишнина на произведување била во 1979 година кога од монтажните ленти се произвеле 88.918 автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk