Видео кое ќе ве насмее – мислела дека ќе ја запроси, но доживеала невидено понижување пред сите: „Се надевам дека го напуштила после ова...“

Точка

03/02/2023

14:45

7.756

Големина на фонт

а а а

Девојките се научени на романтика, а од друга страна за мажите нема ништо полошо од романтика. Но, гестот на ова момче предизвикал бес и кај жените и кај мажите.

Многу од девојките ќе признаат дека би се чувствувале страшно непријатно кога партнерот би ги запросил пред сите. Поголем дел од нив сака тој прекрасен чин да биде интимен и прекрасен, но повторно ги има и оние кои се радуваат кога мажот ќе клекне пред сите и ќе ги праша дали ќе се омажи за него.

Слична ситуација била забележана на еден натпревар, но со целосно непредвидлив крај.

Имено, кога камерите го зумирале парот во публиката, мажот клекнал и таман кога девојката помислила дека ќе ја запроси тој од под седиштето извадил чаша со пиво и ја испил триумфално пред сите.

Видеото станало вирално, а коментарите биле едногласни:

„Доколку таа е сè уште со него, тогаш и го заслужува тоа“, „Искрено се надевам дека го напуштила после ова“... итн.

Како вие би реагирале доколку се најдете во ваква ситуација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг