Што се случува со Иванка Трамп? Фановите се загрижени – не е иста, ѝ се случила нагла промена

Точка

03/02/2023

16:20

11.489

Големина на фонт

а а а

Фановите на Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, многу се вознемирени поради нејзиниот нов изглед и тоа не го сокриле во коментари на социјалните мрежи.

Имено, следбениците забележале дека Иванка нагло ослабела од моментот кога нејзината мајка Ивана Трамп почина минатата година во јули.


Следбениците загрижено ги искоментирале фотографиите од семејната прошетка на Иванка.

„Те сакам, но мора да јадеш“, гласи еден од коментарите кој собрал многу допаѓања.


Шпекулациите зошто Иванка Трамп ослабела се различни. Првата, како што рековме, е смртта на нејзината мајка, што е разбирливо и многумина сочувствуваат со загубата на Иванка.

Потоа, многумина се согласиле дека да си ќерка на Доналд Трамп само по себе е стресно и дека слабеењето настанало како резултат на преголемото медиумско внимание.


Исто така, уште една можност за нејзиниот „лош изглед“ е тужбата за проневера која е поднесена против неа, Доналд Трамп и нејзините браќа Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг