Беше познат по парфемите и смелите креации: Кариерата на Пако Рабан ја лансираше креацијата која ја носеше познатиот секс симбол

Кармин

03/02/2023

21:01

6.262

Големина на фонт

а а а

Веста дека легендарниот шпански дизајнер Пако Рабан го напушти овој свет растажи многумина. Тој имаше 88 години, а информацијата за неговата смрт ја потврди неговата компанија.

Пако починал во својот дом во Франција.

Тој на модната сцена се појави во 60-те години на минатиот век, најпрвин како дизајнер на накит за „Givenchy“, „Dior“ и „Balenciaga“, за во 1966 годинa да отвори сопствена модна куќа.


Сите го славеа неговиот необичен стил и смелост како „неспојливите“ модни дизајни и материјали, но тоа стана негов заштитен знак по кој беше препознатлив.

Иако беше најпознат по своите металик комбинации, Рабан ја претстави својата прва колекција во 1966 година, користејќи пластика. Дебитантската колекција наречена „12 неносливи фустани од современи материјали“ го разбесни францускиот моден свет поради моделите украсени со остри метали и други необични материјали, истовремено ставајќи го Рабан на мапата и одредувајќи ја насоката на неговата дизајнерска иднина.


Поттикнат од ентузијастичните американски следбеници и духот на експериментирањето од 60-те години, Рабан премина од пластика на метал, хартија и крзно, попатно облекувајќи ги Миа Фароу, Одри Хепберн и Џејн Фонда.

Иако неговите дизајни беа нетрадиционални, тој во една прилика изјави: „Јас сум еден од најкласичните креатори на модата. Сен Лорен, Баленсијага, Живанши и Карден се барок“.

Во 1968 година ја креираше легендарната зелена креација која Џејн Фонда ја носеше во научнофантастичниот филм „Barbarella“ и тоа го вивна во ѕвездите бидејќи филмот доживеа култен статус, а многумина ја фалеа естетиката на целокупното остварување.


Истата година започна да соработува со компанијата „Puig“ на креирање парфеми по кои исто така стана познат.

Во 1999 година, Пако Рабан се повлече од светот на модата и оттогаш ретко беше виден во јавноста, а многумина зборуваа дека тој е синоним за естетика, како и дека неговите парфеми се најпродавани во светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk