На доделувањето на „Греми“ наградите Бен Афлек привлекол најмногу внимание, но не онакво какво што сакала неговата Џенифер Лопез – напротив.
Џенифер Лопез не можела да издржи повеќе, па го повлекла Бен Афлек и му рекла малку да се потруди, додека сите го забележале неговиот мрзелив и без волја израз на лицето.
Пејачката и актерка сигурно не очекувала дека камерите сето тоа ќе го снимат, па кога се свртела кон сопругот којшто се обидел да ја бакне му рекла:
„Прекини. Биди попристапен. Изгледај мотивирано“.
Бен на тоа ѝ одговорил:
„Би можел“.
Џенифер потоа се свртела кон парот којшто седел до неа и се насмеала кога Бен ѝ кажал некој вид на шега.
Ben Affleck worrying if P Diddy was going to perform in 50 Years of Hip Hop …. pic.twitter.com/JEhzDApVTa
— Stacy Wofsy (@wofsy_stacy) February 6, 2023
Дека во нивниот брак имаат проблеми е веста која со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Уште од кога светот го обиколија фотографиите од нивниот меден месец на кој Бен спие и има крајно мрзелив израз на лицето, започнаа шпекулациите дека овој пар не е среќен во нивниот брак.