Ди Каприо на мета на критики за наводна врска со 19-годишната манекенка: „Веќе не е смешно“

Супермен

07/02/2023

16:51

5.412

Големина на фонт

а а а

Леонардо ди Каприо неодамна ги подгреа гласините за нова романса со 19-годишниот израелски модел Еден Полани, откако не се одвоил од неа на забава организирана во Лос Анџелес.

Иако нивната врска сè уште не е официјално потврдена, многу корисници на Твитер го критикуваат актерот поради фактот што е 30 години постар од неговата наводна нова девојка.

„Таа не била ни родена кога излезе Титаник“, гласи еден од коментарите.

„Девојката на ди Каприо е толку млада што веројатно го гледала филмот „Ромео и Јулија“ во кој глумеше кога таа одела на училиште“, „Нејзиното средно образование беше скратено поради Ковид-19“, „Ве молам, некој да објасни, што има заедничко човек кој е речиси 50-годишник со 19-годишна девојка?“, „Некој мора да го запре Леонардо ди Каприо. Веќе не е смешно“, „Леонардо ди Каприо е загрижен за климатските промени бидејќи сака да им остави подобар свет за неговите девојки“, се дел од коментарите на социјалните мрежи во кои фановите го „напаѓаат“ актерот.

Да потсетиме, Еден Полани е израелски модел кој на Инстаграм го следат речиси 200.000 корисници. Синот на израелскиот милијардер Гил Офер (32) претходно бил поврзуван со Еден, а се пишувало дека парот ја криел врската од јавноста бидејќи Еден била уште малолетна кога започнала врска со Гил.

По раскинувањето со Камила Мороне, Леонардо наводно започнал романса со 23-годишната Викторија Ламас, но бидејќи долго време не биле видени заедно во јавноста, многумина претпоставуваат дека на нивната љубов ѝ дошол крајот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk