„Кој тука одбил да се бакне?“: „Netflix“ во новиот филм користел специјални ефекти за обичен бакнеж?

Точка

07/02/2023

18:57

4.995

Големина на фонт

а а а

Популарниот филм на „Netflix“, „You People“, содржи сцена во која актерите Џона Хил и Лорен Лондон се бакнуваат, а многу од гледачите сметаат дека таа е направена со помош на специјални ефекти.

Не станува збор за никаков научнофантастичен филм, ниту сцената е снимена на некоја посебна локација за што би било потребно обработка на истата. Станува збор за обична студиска сцена во која актерите се опкружени со останатите колеги и статисти и треба да се бакнат во уста.

Меѓутоа, кога моментот на бакнежот подобро ќе се погледне, може да се воочи дека се користени специјални ефекти за да се дојде до него. Комичарот Ендру Шулц, кој се појавува во филмот, исто така потврдил дека актерите всушност во ниту еден момент не се допираат со усните.

„Не сум сигурен дали воопшто смеам да зборувам за ова, но во таа сцена, во реалноста, не се бакнуваат. Тоа е ‘CGI’, се колнам“, изјавил Шулц во својот поткаст „Brilliant Idiots“, а потоа продолжил:

„Ја гледам сцената и гледам дека тргнуваат да се бакнат, но потоа застануваат со главите и не се бакнуваат. Се мислев како тоа ќе изгледа во филмот и дека веројатно ќе го исечат тој дел, но во филмот се гледа како се бакнуваат. А ако подобро погледнете, ќе видите дека поради специјалните ефекти, лицата како да им се стопуваат“.

Освен Шулц, тоа го забележале и бројни гледачи кои го коментирале бакнежот на социјалните мрежи.

„Веднаш го воочив тоа кога го гледав филмот“, „Точно е, се гледа на видеото“, „Многу ме интересира кој одбил да се бакне“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг