После Хари уште една принцеза ја напушта Британија? Се зборува дека донела круцијална одлука: Со сопругот и децата се сели во САД?

Точка

08/02/2023

09:58

4.820

Големина на фонт

а а а

Британските таблоиди објавија дека пренцезата Јуџин (32) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк (36) наскоро би можеле да се преселат во САД.

Принцезата, инаку позната како внука на покојната Елизабета втора и нејзиниот сопруг, би можеле да се преселат во Калифорнија после раѓањето на нивното второ дете, пишува „Мирор“.


Нивните пријатели рекле дека бараат куќа во близина на принцот Хари (38) и Меган Маркл (41), а наводно им испраќаат информации за куќи на продажба во нивното соседство.

Меѓутоа, Јуџин рекла дека повеќе би сакала да живее во западниот дел на Холивуд, а причината за селење би можела да биде од професионална природа.


Преминувањето во САД за принцезата не би било сосема непознато, бидејќи поминала две години живеејќи во Њујорк помеѓу 2013 и 2015 година, кога работела за аукциска куќа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг