Зеленски денеска во посета на Велика Британија, ќе се сретне со премиерот Сунак

Макфакс

08/02/2023

11:08

1.017

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Велика Британија и ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на британскиот премиер.

Според информациите, Зеленски ќе ги посети украинските војници кои се на обука во Британија и ќе се обрати пред британскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека канцеларијата на Сунак ги објавила плановите за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе се обучуваат борбени пилоти и маринци, како и ќе се забрза снабдувањето со опрема на украинската војска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг