(Видео) Изненадно објавена најава за продолжението на хит-играта од 2000 година, пристигнува ова лето

Точка

25/03/2023

19:00

11.539

Големина на фонт

а а а

Пристигнува „Counter-Strike 2“ – американската корпорација за продукција на видеоигри „Valve“ изненадно потврди дека пристигнува продолжение на популарната игра „Counter-Strike“ и тоа многу брзо.

Иако точниот датум сè уште треба да биде потврден, најверојатно е дека играта ќе биде објавена ова лето, пишува „IGN“. Објавени се три најави на официјалниот Јутјуб канал на „Valve“.

Тестирањето на играта веќе е започнато

Тестирањето на видеоиграта, на кое играчите се повикани според одредени критериуми, веќе започнало овие денови. Според веб-страницата „CS2“ која неодамна се појави, за играта пишуваат дека станува збор за „најголемиот технички скок во историјата на оваа франшиза кој ќе овозможи надоградба и нови можности во годините кои доаѓаат“.

Што носи продолжението?

„Counter-Strike 2“ доаѓа во облик на надоградба на постоечките игри. Сè што играчите на оригиналната игра собираа со години во моменталната верзија, нема да се изгуби туку ќе се пренесе во продолжението, но со него доаѓаат и некои новости. Конкретно, „Valve“ истакнува дека ќе има надоградени и преработени мапи, димни гранати кои ја „менуваат играта“, редизајнирани визуелни ефекти и звук и многу друго.

Оригиналната „Counter-Strike“ излезе во 2000 година и беше популарна ширум светот, но и кај нас. Покрај „Counter-Strike“ од 2000 година, во серијата на оваа видеоигра се издадени и „CS: Condition Zero“, „CS: Source“ и „CS Global Offensive“, а направени се и спин-оф игрите „CS Neo“, „CS Online series“ и „CS Nexon: Zombies“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг