Враќање на Месечината: „Ова е едно од највозбудливите откритија до кои дојдовме“

Точка

28/03/2023

14:00

19.555

Големина на фонт

а а а

Анализите на површината на Месечината укажуваат на огромни резерви на вода.

Анализите на површината на Месечината, особено подрачјата наречени стаклени школки, укажуваат на постојани огромни резерви на вода, тврдат научниците.


Површините наречени стаклени школки расфрлани по површината на Месечината би можеле да содржат милијарда тони вода која астронаутите би можеле да ја црпат и користат во идните лунарни мисии, велат истражувачите, пренесува лондонскиот дневник „Гардијан“.

Се смета дека ова откритие е едно од најважните досега за вселенските агенции кои се залагаат за градење на база на Месечината затоа што тоа значи дека на Месечината можеби постои многу попристапен извор не само на вода туку и на водород и кислород.

„Ова е едно од највозбудливите откритија до кои сме дошле. Со овие наоди, потенцијалот за истражување на Месечината на одржлив начин е поголем од претходно“, изјавил Махеш Ананд, професор по планетарна наука и истражувања на британскиот Отворен Универзитет недалеку од Лондон.


Повеќе од половина век откако луѓето последен пат оделе по Месечината, NASA И другите вселенски агенции се подготвуваат за враќање на Месечината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг