Марк Закерберг повторно ја предвидува иднината: Го најави датумот на крајот на мобилните телефони!

Точка

18/11/2024

17:51

4.903

Големина на фонт

а а а

Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе биде повеќе во вашиот џеб отколку надвор од него, тврди Закерберг.

Мобилните телефони се појавија во нашите животи пред нешто помалку од три децении, носејќи вистинска револуција. Сепак, ништо не трае вечно и сега се наѕира промена…

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, јасно стави до знаење што не очекува со впечатлива изјава: „Ќе биде како со компјутерите“.


Закерберг веќе спомна потенцијална замена. Зборува за производ кој постепено ќе ги замени паметните телефони, откако паметните часовници не успеаја да ја преземат таа улога. Паметните часовници останаа корисен додаток, но не станаа доминантна платформа.

Закерберг истакна елемент кој ќе го промени технолошкиот пејзаж – паметните очила. „Тие ќе станат следната голема компјутерска платформа“, тврди Марк.


„Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе биде повеќе во вашиот џеб отколку надвор од него. Мислам дека тоа ќе се случи во 2030-тите, и додека ќе можете да ги извршувате задачите поцелосно или подобро со телефонот, корисниците ќе се одлучат за практичноста на очилата за да го направат истото“.

"Apple" со своите "Vision Pro" и "Meta" се најистакнатите компании во развојот на паметните очила, но многу други технолошки компании веќе долго време работат на истиот производ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг