Уште една марка на автомобили се откажува од електричните планови

Точка

22/11/2024

10:28

2.080

Големина на фонт

а а а

И покрај значителниот раст на продажбата, култниот британски бренд ги менува плановите.

"Lotus" силно ја прифати електрификацијата. Покрај најмоќниот спортски автомобил, кој е поставен дури и пред "Rimac Nevera", во понудата додаде и повеќе електрични производи. Сите тие се дел од амбициозниот бизнис план "Vision80", претставен во 2018 година, кој предвидуваше "Lotus" да премине на електрична енергија за само десет години.

Според овој план, "Lotus" требаше да ги напушти бензинските мотори уште во 2028 година. Но, во новите пазарни услови, во кои растот на продажбата на електрични автомобили не оди со очекуваното темпо, "Lotus" беше принуден да ја крене рачната кочница.


Компанијата сега ги најави т.н "Super Hybrid" погони, погонски системи каде постои и „range extender“. Ова значително би го зголемило досегот додека ќе се одржат препознатливите перформанси. Фенг Кингфенг, првиот човек на групацијата "Lotus", ја потврди оваа информација велејќи дека "Lotus" ќе ја развие "Super Hybrid" технологијата со ултра-брзо "plug-in" полнење, со турбомотор со внатрешно согорување за зголемување на вкупниот опсег на 1.100 km, пишува "Autocar".

Тој не кажа кои модели ќе добијат хибридни погонски агрегати, но "Lotus" би можел да ги надгради теренецот "Eletra" и седанот "Emey" со оваа технологија, како и да го додаде во претстојниот "SUV" кој ќе му конкурира на "Macan" на "Porsche".


„Во "Lotus", секогаш сме ја избирале најдобрата достапна технологија за напојување, без разлика дали е чист бензин, чист електрицитет, хибрид или онаа со продолжен опсег (EV)“, рече Фенг во интервју за "Wall Street Journal".

За потсетување, кинеската премиум марка за електрични возила "Zeekr", која исто како и "Lotus" е во сопственост на "Geely", неодамна објави дека ќе почне да нуди "plug-in" хибридни возила. "Lotus" испорача 8.631 возило во првите 10 месеци од оваа година, при што Европа учествува со 35% од продажбата, а Кина со 25%.




Спонзорирани линкови

Маркетинг