СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

Макфакс

23/11/2024

10:16

368

Големина на фонт

а а а

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.

Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.

„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.

Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг