Професор од Киев вели: „Русите креваат тензии сè додека чувствуваат дека другата страна е исплашена“

Точка

23/11/2024

13:44

1.208

Големина на фонт

а а а

Професорот Максим Камењецкиј од Киевскиот институт за социјални истражувања зборуваше за телевизијата „N1“ околу ситуацијата во Украина.

Камењецкиј вели дека не верува оти Русите користеле модерна технологија за нападот врз Днепар.

„Најголемата опасност сега е тоа што Украина тоа не може да го собори. Таа не е невидлива. Тие боеви глави се екстремно добро видливи. Таа ракета носи шест боеви глави, плус секоја од нив има шест мамки кои одат во близина и светат во темница. Тие се екстремно добро видливи, но тие одат со 10, 11 брзини на звукот, противракетните системи не знаат што точно треба да погодат.


Во таа количина на објекти има само шест боеви глави, но 36 цели. Во моментов ние не можеме да ја собориме. Таа е наменета за нуклеарна употреба. И оваа ракета која ја лансираа при нападот на Днепар, немаше боев материјал, резултатот од нападот беше само ужасниот кинетички удар кој таа го предизвикува. Не се знае дали станува збор за интерконтинентална ракета“, изјави Камењецкиј.

„Руската мета беше фабрика која произведуваше ракети“

Тој додава дека Русите ја тестирале ракетата преку нападот врз Днепар. Во остатоците, како што вели, бил пронајден блок со телеметриски податоци, кои покажуваат дека Русите целеле фабрика која произведувала ракети.


„Ние не веруваме дека тие имаат повеќе од 10 вакви проектили. Тие не се во сериско производство и не се знае кога ќе бидат“, вели Камењецкиј.

Меѓутоа Путин уверува дека ќе продолжи да го произведува ова оружје. На прашањето дали властите во Украина стравуваат од нуклеарен одговор, Камењецкиј вели дека се сомнева во тоа.


„Нуклеарното оружје го буди сеќавањето на Хирошима и Нагасаки“

„Прво, Русите можат да користат и друго оружје. Сè што тие користат на наша територија може да има нуклеарни боеви глави. Прашањето е што ќе постигнат со тоа. Нуклеарното оружје кај сите го буди сеќавањето на Хирошима и Нагасаки, тоа е начин за уништување на големи воени цели. Тоа што Русите зборуваат за напад на Лондон или некој друг голем град … Тие се свесни дека по ова тие нема да бидат нормален партнер за разговор, вели професорот и додава:



„И Кина и другите земји, претпоставувам, ја предупредија Русија. Од друга страна, на Русите им е интересно како нуклеарниот импулс ќе ги погоди електронските инсталации на бојното поле. Но тоа не значи дека ќе ги таргетираат градовите. Тие во истиот тој момент би станале злосторници, па дури ни Кина повеќе не би можела да се извлекува со изјавите дека треба да се намалува ескалацијата“, изјави професорот.

Камењецкиј вели и дека Русите можат да креваат тензии сè додека чувствуваат дека другата страна е исплашена, а тој смета дека Западот е исплашен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг