Ова „магично“ растение со векови се користи како амајлија: Доколку го донесете во домот, внесувате и благосостојба

Точка

10/12/2024

19:07

10.844

Големина на фонт

а а а

Уште од древно време е познато дека ова растение се користи како еден вид амајлија. Се верува дека ако внесете рузмарин во домот, со него носите и просперитет.

Римските свештеници користеле рузмарин како темјан во сите верски церемонии, а со децении се користи како заштита од негативната и лошата енергија што некој се обидува да ја внесе во вашиот дом.

Во IX век, Карло Велики инсистирал ова растение да расте во неговите кралски градини, бидејќи верувал во неговите магични својства.


Поради овие причини, го добило името магично растение:

Се верува дека рузмаринот привлекува пари и просперитет во домот, па затоа секој дом мора да го има. Можете да го носите и во вашиот паричник.

Закачете неколку рузмарини над влезната врата за да го заштитите домот од провалници и да спречите навлегување негативна енергија. Се верува дека служи како еден вид амајлија, па секој дом што го има на ова место ќе биде заштитен од злото.

Рузмаринот е ефикасен за подобрување на меморијата и за таа цел се користи во форма на есенцијално масло.


Неговиот мирис поволно делува на нервните клетки, па затоа е одличен и за опуштање. Поради оваа причина, се користи и во медитацијата.

Рузмаринот се поврзува со плодноста, па затоа се препорачува да чувате неколку гранчиња покрај креветот каде што спиете.