[ФОТО/ВИДЕО] Давидовата пица печена на вулканска лава стана хит за туристите: „Многу е вкусна“

Точка

11/12/2024

11:09

1.057

Големина на фонт

а а а

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа на југот на Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата. Неговите ерупции можат да се видат од главниот град кој е оддалечен дваесетина километри. Оваа локација често ја посетуваат туристите, а посебно внимание привлекува пица мајсторот Давид Гарсија, кој ја подготвува познатата „вулканска пица“.

Имено, тој првата „вулканска“ пица ја испекол на температура од 430 степени, и вели дека по неколку минути добил толку добар вкус што решил да развие метод на вулканско печење пица, а набрзо овој специјалитет станал вистинска туристичка атракција. Гостите помеѓу вулканските карпи чекаат пица, која Гарсија тенко ја растегнува на лимен плех, а потоа ја става врз врелата течна лава.



Ваквата подготовка на пица носи одредени ризици

Температурата е најголемиот предизвик бидејќи, како што тврди Гарсија, таа варира од 800 до 1000 степени, што ја прави неговата „фурна“ за пица најжешка на светот, а секогаш постои ризик, вели тој, пицата да исплива на лавата.



„Продавав сè, од сладолед до зеленчук, но никогаш не мислев дека вулканот ќе биде почетна точка на мојот кулинарски успех“, изјави Дејвид, а пренесува „The Times“. Покрај фактот што тестото и состојките лесно можат да изгорат, подготовката и консумирањето на вкусна пица на активен вулкан носи одредени ризици.

„Во една прилика вулканот испушташе многу сулфур, па се спуштивме во подножјето. Нѝ течеше крв од носот, а јас паузирав 15 дена“, откри пица мајсторот.


„Вкусот е одличен“


„Дури кога почнав да ја јадам пицата, сфатив дека се работи за активен вулкан. Можеби тоа не беше најбезбедното искуство на моето патување, но пицата имаше навистина одличен вкус“, изјави американскиот турист Соџурнер Вајт.