[ФOTO] Најновите снимки од „James Webb“ ја потврдуваат контроверзната теорија за настанувањето на планетите

Точка

17/12/2024

20:38

4.404

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција објави дека со вселенскиот телескоп „James Webb“ успеала да сними дискови кои формираат планети околу старите ѕвезди и овие снимки би можеле да ги оспорат теоретските модели за тоа како може да се формираат планетите. Новите снимки ги поддржуваат претходните контроверзни откритија на телескопот „Hubble“, кои досега не можеа да се потврдат.

Направени се нови детални снимки од Малиот Магеланов Облак, соседна џуџеста галаксија на нашиот Млечен Пат. Телескопот „James Webb“ беше особено фокусиран на кластерот наречен „NGC 346“, за кој НАСА вели дека е добар показател за „слични услови во раниот, далечен универзум“ и на кој му недостасуваат потешките елементи традиционално поврзани со формирањето на планетите. „James Webb“ успеал да сними светлосни спектри, кои сугерираат дека протопланетарни дискови сè уште постојат околу овие ѕвезди. Ова е спротивно на претходните верувања дека тие исчезнуваат за неколку милиони години.

„Набљудувањата на „Hubble“ на кластерот „NGC 346“ во средината на 2000-тите открија многу ѕвезди стари помеѓу 20 и 30 милиони години кои се чини дека сè уште имаат дискови кои формираат планети“, соопшти НАСА. Без подетални докази, идејата беше контроверзна. Сепак, телескопот „James Webb“ ги пополни тие детали, сугерирајќи дека дисковите во нашите соседни галаксии имаат многу подолг временски период да акумулираат прашина и гас, кои ги формираат основите на новите планети.


Зборувајќи за тоа зошто овие дискови можат да опстанат, НАСА вели дека научниците имаат две можни теории. Една од нив вели дека на „радијацискиот притисок“ исфрлен од ѕвездите во кластерот „NGC 346“ му треба само повеќе време за да ги растера дисковите што формираат планети. Другата вели дека поголем облак од гас, кој е неопходен за да се формира „ѕвезда слична на Сонцето“ во средина со помалку тешки елементи, природно произведува поголеми дискови, на кои им треба подолго време да исчезнат.


Без оглед на тоа која теоријата и да е точна, новите снимки се прекрасен доказ дека сè уште целосно не разбираме како се формираат планетите.