Водич за безгрижни зимски патувања

Точка

19/12/2024

14:41

1.132

Големина на фонт

а а а

Вашето безгрижно патување започнува сега. Следете ги нашите совети и подгответе се брзо и лесно за претстојните зимски патувања:

СОВЕТ БР.1 – Направете ПРЕВЕНТИВЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД за ваша безбедност

Безбедноста на патот започнува со исправно возило. Во АМСМ станиците за технички преглед во Скопје (Центар и Чаир), Велес и Кичево, можете да направите превентивен технички преглед. Проверете ја техничката исправност на вашето возило пред да тргнете на пат и минимизирајте го ризикот од дефекти.

*Превентивниот технички преглед е бесплатен со АМСМ членска картичка.

Доколку притоа имате потреба од сервисни услуги, во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје, Велес и Кичево достапни се професионални сервисни услуги за различни брендови на возила.

*Со АМСМ членска картичка добивате попусти при сервисирање на возилото (20% попуст на работна рака и до 10% попуст на резервни делови).

СОВЕТ БР.2 – Извадете АМСМ КАРТИЧКА ЗА БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ

Доколку најчесто патувате во земјава советуваме да извадите Classic картичка, која ви овозможува бесплатна помош на пат во земјава, а ако патувате во странство препорачуваме да извадите Europe Premium картичка која покрај во земјава, ви овозможува бесплатна помош на пат и каде било во Европа.

СОВЕТ БР.3 – Извадете МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ за патување со автомобил надвор од земјата

Сите меѓународни документи ви се достапни 24/7 во АМСМ Скопје-Центар:

• Меѓународна возачка дозвола

• Одобрение за управување со туѓо возило

• Зелен картон

• Патничко осигурување

Преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за патничко осигурување од сите осигурителни компании во земјава, со следните осигурителни покритија т.е. ризици:

• Здравствена помош (болничко лекување, лекарска интервенција, репатријација)

• Осигурување од спортска незгода

• Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Цената на патничкото осигурување зависи од ризиците вклучени во осигурувањето.

*Со Europe Premium членската картичка добивате ПОДАРОК бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена.

СОВЕТ БР.4 – СИГУРЕН ДОМ за безгрижни патувања!

Чувството на безгрижност на пат започнува знаејќи дека Вашиот дом е секогаш безбеден. Направете домаќинско осигурување и осигурете го вашиот дом од:

• Пожар, удар од гром, луња и град

• Провална кражба и разбојништво

• Излевање на вода од инсталации

• Кршење прозорски стакла

• Штети предизвикани од соседите кои влијаат на вашиот дом.

Со полиса од осигурителна компанија по ваш избор направена преку Мобилити Брокер, добивате бесплатно застапување и посредување при настаната штета, кое вклучува:

• Пријава на штета,

• Комплетирање на потребна документација,

• Информација за статус на штета и сл.

НОВОГОДИШНА ПОНУДА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Осигурете го својот дом, а ние ви подаруваме осигурување на живот! Со домаќинско осигурување добивате подарок животно осигурување со важност од една година и осигурена сума 30.000ден

СОВЕТ БР.5 – СПАКУВАЈТЕ СĖ по список!

Пакувањето не мора да биде напорно. Симнете ги листите за пакување прилагодени за зимување, планинарење и патување до европски дестинации со автомобил, прилагодени за различни дестинации и видови на патувања. Со помош на нив лесно ќе ги организирате сите потребни работи кои треба да ги понесете:

• Документи

• Облека и опрема

• Козметика и лекови


СОВЕТ БР.6 – ИМАЈТЕ СĖ НА ЕДЕН ДОПИР!

За брз и лесен пристап до потребните информации за патување во земјава и странство, советуваме да ја симнете АМСМ мобилната апликација која ви овозможува:

• Да ја вклучите вашата локација и да ја следите состојбата на патиштата на рутата до вашата дестинација во реално време;

• Да повикате помош на пат онлајн и да го следите статусот на интервенцијата;

• Да ги добиете сите информации за патување во странство, вклучувајќи состојба на граници, цени на гориво и сообраќајни прописи за повеќе од 30 европски земји.

Комерцијален текст