[ВИДЕО] Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Макфакс

19/07/2025

16:26

881

Големина на фонт

а а а

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства.

На терен активно дејствуваат:

– 1 армиски хеликоптер

– 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ

– 2 теренски возила пинцгауер

– 1 хермелин

– 30 припадници на Армијата

– екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита

– пожарникари од ТППЕ Тетово.

Голем пожар во Желино - очевидци тврдат дека е подметнат со запалени гуми кои се тркалале од врвот на ридот

Голем пожар во Желино - очевидци тврдат дека е подметнат со запалени гуми кои се тркалале од врвот на ридот

Posted by Press24.mk on Saturday, July 19, 2025

Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат.

Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино.