[ФОТО] Славниот актер ги шокирал сите со новиот изглед: Го препознале дури откако ги извадил очилата за сонце

Точка

08/10/2025

19:34

1.628

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Џона Хил изненади многумина со своето појавување во Лос Анџелес оваа недела.

Познатиот комичар драстично ослабел, а својата нова фигура ја покажал на снимањето на долгоочекуваниот филм „Cut Off“, во кој глуми заедно со колешката Кристен Виг. Многумина го препознале дури откако ги извадил очилата за сонце, а фактот дека Хил има сосема поинаква фризура го направи уште понепрепознатлив.


Во „Cut Off“, Виг и Хил играат брат и сестра чии богати родители престануваат да им даваат пари. Филмот моментално е во продукција и треба да се појави на големото платно на 17 јули 2026 година.


41-годишниот Хил отворено за зборувал анксиозните нападите и проблемите со тежината што ги имал со години.


„Вежбањето и диетите ми беа претставени како нешто што укажуваше на фактот дека не изгледам добро. Кога бев момче, ниту еднаш не ми беше предложено да го правам тоа за да го подобрам здравјето“, рече Хил во едно интервју, пренесе Дејли Мејл.


Тој признал дека сè уште се чувствувал како 14-годишно момче кого го исмејуваат врсниците поради неговата тежина и акни. Со години одел на терапија, а ова не е прв пат тој видливо да ослабе.

Уште во 2011 година, тој почнал да вежба со личен тренер и ги слушал советите на нутриционист, а сето тоа по наговор на неговиот колега Ченинг Тејтум. Неговото здравје се подобрило, редовно тренирал, но по три години сè се вратило на старо. Неговите пријатели тогаш рекле дека не е во добра фаза од животот и дека јаде како утеха.


Во текот на последните години, тој јасно ставил до знаење дека не сака да гостува во телевизиски емисии за да ги промовира своите филмови, бидејќи појавувањата во медиумите му предизвикуваат многу стрес. Почнал да добива анксиозни напади кога ќе застанел пред новинарите. Тогаш кажал дека нема да се откаже од глумата, но ќе се однесува поинаку кога станува збор за промотивните активности.


Меѓутоа пред неколку години, Хил рекол дека конечно се прифаќа себеси и своето тело, но дека му биле потребни години и години труд за да стигне дотаму.