[ВИДЕО] Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот

Макфакс

02/11/2025

09:00

855

Големина на фонт

а а а

Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“.

Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и не е познат засега мотивот за нападот.

Нападот се случил во петок околу 18:25 часот во возот на линијата Донкастер – Лондон, кратко по поаѓањето од станицата Питерборо. Возот бил запрен во Хантингтон, каде што полицијата ги привела осомничените.

Според сведоци, патници со рани од нож трчале низ вагоните бегајќи од напаѓачот. Во акцијата интервенирале вооружени полициски единици и голем број екипи на итната помош.

Стармер изјави дека неговите мисли се со повредените и им се заблагодари на службите за брзата реакција. Министерството за внатрешни работи апелира да се избегнуваат шпекулации додека трае истрагата.

Железничката компанија LNER соопшти дека станува збор за нивен воз и ги предупреди патниците дека линиите се блокирани.