[ФОТО] Прекрасен приморски град кој жителите го обожаваат – поради тоа е прогласен за најљубезен на светот

Точка

02/11/2025

12:00

966

Големина на фонт

а а а

Уредниците на британскиот магазин анкетирале 18.500 жители на градови ширум светот и им поставиле низа прашања за нивните родни градови. Врз основа на анкетата креирале листа на најпријателски градови на светот.

За да ги откријат најљубезните дестинации на планетата, уредниците на магазинот „Time Out“ ги прашале жителите колку се склони својот роден град да го опишат како „гостопримлив и пријателски“.

Тие откриле дека жителите на Порто во Португалија се најсклони својот град да го наречат пријателски.


Дури 85 отсто од жителите на Порто кажале дека соседите им се љубезни, па овој град официјално е најпријателскиот на планетата.

Порто исто така го зазел четвртото место по убавина, дванаесеттото место по среќа и осмото место по вкупното рангирање, така што јасно е дека неговите жители го оцениле прилично високо.

Како што рекла самата авторка во магазинот „Time Out“ и локалниот експерт Маријана Мораис Пињеро: „Порто постојано освојува награди“. Неделава тој бил прогласен и за најдобра градска дестинација на престижното доделување на наградите „World Travel Awards“.


На второто место се нашол Билбао каде 71 отсто од анкетираните локални жители кажале дека нивниот град е гостопримлив, но тоа не бил единствениот шпански град којшто се нашол на листата. Всушност, дури четири градови во Шпанија се нашле меѓу првите 20.

На третото место се нашол Медељин, вториот најголем град во Колумбија. Овој град е полн со прекрасна храна, неверојатен ноќен живот и среќни луѓе, а е и втор најсреќен град во целиот свет. Не е ни чудно што 69 отсто од локалците сметаат дека нивниот град би ве дочекал со раширени раце.


20 најпријателски градови на светот:

Порто, Португалија;
Билбао, Шпанија;
Медељин, Колумбија;
Кејптаун, Јужна Африка;
Лагос, Нигерија;
Брајтон, Велика Британија;


Мадрид, Шпанија;
Лисабон, Португалија;
Чикаго, САД;
Белфаст, Велика Британија;
Ханој, Виетнам;
Њу Орлеанс, САД;
Валенсија, Шпанија;
Глазгов, Велика Британија;
Абу Даби, Обединети Арапски Емирати;


Чијанг Мај, Тајланд;
Монтреал, Канада;
Севиља, Шпанија;
Бризбејн, Австралија;
Дубаи, Обединети Арапски Емирати.