Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.







