[ФОТО] Бугарската Фондација „Македонија“: Цеца е Бугарка, не е ништо чудно што го кренала бугарското знаме

Нетпрес

02/11/2025

13:45

5.669

Големина на фонт

а а а

Нема ништо скандалозно во тоа што човек со такви корени го крева бугарското знаме – напротив, тоа е чин на признание кон сопствената историја, наведува Стојанов.

По скандалот со бугарското знаме на концертот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ, претседателот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, вели дека Цеца, има бугарско потекло, поради што, според него, не треба да се смета за изненадување нејзиниот гест со развејување на бугарското знаме за време на концертот во Велес.

Стојанов објаснува дека Светлана Ражнатовиќ, родена Величковиќ, потекнува од селото Житораѓа, кое до 1877 година било дел од Бугарската егзархија, во рамките на Нишката епархија.

🇧🇬 **Становище на Фондация „Македония“ относно „скандала“ с Цеца и българското знаме във Велес**


През последните дни...

Posted by Фондация Македония on Saturday, November 1, 2025

„Тоа значи дека нејзиниот роден крај, исто како и Велес, припаѓал на духовното и културното пространство на бугарската нација. Во тој контекст, нема ништо скандалозно во тоа што човек со такви корени го крева бугарското знаме – напротив, тоа е чин на признание кон сопствената историја,“ наведува Стојанов.

Фондацијата „Македонија“ нагласува дека секој поединец има право да се гордее со своето потекло и со историската вистина.

„Бугарското знаме е симбол на култура, духовност и слобода – тоа не разделува, туку обединува,“ се вели во соопштението.

„Да не ја претвораме гордоста во омраза. Вистината не може да биде скандал,“ заклучува Стојанов.