ФФМ: Слободен влез за последниот домашен натпревар на Македонија во 2025. година

Дерби

11/11/2025

14:17

919

Големина на фонт

а а а

Најсилната македонска репрезентација ги започна подготовките за круцијалниот натпревар против Велс во квалификациите за Светско првенство, но пред да дојде ред на тоа, нашите репрезентативци ќе имаат тест со селекцијата на Летонија.

Пет дена пред дуелот вреден бараж за мундијал, Македонија на домашен терен ќе одигра пријателска средба против Летонија, а ФФМ реши да ја отвори Националната арена за сите фудбалски фанови со објава дека влезот ќе биде слободен.

– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека влезот за овој натпревар ќе биде слободен за сите навивачи.

– Ова е наш начин да изразиме благодарност до сите поддржувачи за нивната безрезервна поддршка во текот на целата година. Истовремено, сите оние кои веќе купиле влезница за овој натпревар ќе добијат бесплатен билет за следниот домашен натпревар на репрезентацијата, без разлика дали ќе се работи за бараж за пласман на Светското првенство или за натпревар од друг карактер.

– Ве покануваме заедно да создадеме уште една убава атмосфера и да им дадеме силна поддршка на нашите фудбалери на последниот натпревар пред домашната публика оваа година и поттик за последниот квалификациски меч против Велс во Кардиф, – гласи објавата на ФФМ.