[ВИДЕО] Невообичаена глетка во водите на Венеција што не е видена со години: Научниците ја истражуваат појавата што го заинтригира градот

Точка

12/11/2025

17:55

964

Големина на фонт

а а а

Туристите во Венеција неодамна имале можност да видат нешто необично - делфин по име Мимо, кој бестрашно се приближил до брегот и „позирал“ за камерите.

Последниот пат кога морски цицачи биле забележани во венецијанската лагуна беше во 2021 година, за време на Ковид-19 пандемијата, кога се појавиле два делфини во време кога сообраќајот со бродови беше ограничен поради забраната.

Мимо сега станал редовен посетител на водите околу плоштадот Свети Марко, каде што за прв пат бил забележан кон крајот на јуни. Оттогаш, овој делфин вешто ги избегнува водните автобуси, таксињата и гондолите, тврди морскиот биолог Лука Микан.

Според него, Мимо не се вознемирува од бучавата од бродовите и толпите, туку упорно останува во прометниот басен во близина на плоштадот Свети Марко, што е невообичаено однесување за овој вид.

„Дури и кога се храни, тој е сосема рамнодушен“, рече Микан.

Сепак, експертите стравуваат дека делфинот би можел да се повреди поради густиот сообраќај на вода, па затоа внимателно го следат неговото движење. Микан призна дека сè уште не пронашле безбеден начин да го преместат од областа.


„Збунети сме, бидејќи ова не е вообичаено однесување. Делфинот очигледно верува дека може да ги избегне бродовите, но ситуацијата е ризична. Доволно е еден брод одеднаш да се помести наназад, додека бучавата од моторите создава целосна конфузија под површината“, изјави тој за „The Times“.

Како што се приближува зимата, рибите обично се повлекуваат од лагуната, па Микан се надева дека ова ќе го охрабри делфинот да се врати на отворено море.

„Не постои начин да го избркаме на сила“, додаде тој.

„Ова животно изгледа сосема сигурно во она што го прави. Може да се врати во морето без никакви проблеми – но дури и да го избркаме, веројатно би се вратил за неколку часа“, истакна Микан.