Има песок со боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и повеќе од очекуваните рецензии од било која друга плажа.
Од ветровитите шарени крајбрежја на Ирска до рајските златни плажи на југот од Шпанија, европските плажи навистина нудат голема разновидност, пренесува „Time Out“.
Сепак, една дестинација буквално е на врвот на листата на најубави плажи на континентот, а благодарение на тоа што редовно добива најголем број од она што „Tripadvisor“ го нарекува рецензија „над сите очекувања“, овогодишен победник e и на наградата е „Traveller’s Choice Awards“.

Станува збор за плажата Елафониси на Крит.
Сместена на југозападниот дел од островот, оваа плажа е позната по речиси нереалниот изглед, каде тиркизното море ги зазема различните пространи крајбрежја со розов песок.
Овој феномен настанува поради школките и наслагите на микроорганизми со црвен пигмент, со потекло од коралните гребени кои плимата ги исфрла на крајбрежјето и ги меша со белиот песок.
Плажата Елафониси е прогласена за најубава и за 2025 година во Европа, но и во светот, но оваа година титулата во светски рамки ја понесе Isla Pasion во Мексико.
Сепак Елафониси е прогласена за најубавата плажа во Европа за 2026 година.

Погледнете ја целосната листа:
🌊 Елафониси, Крит, Грција;
🌊 Лагуна Балос, Крит Грција;
🌊 Фалесија, Олхос де Агуа, Португалија;
🌊 Плажа Ла Пелоса, Сардинија, Италија;
🌊 Плажа Фаласарна, Крит, Грција;
🌊 Плажа де Муро, Мајорка, Шпанија;
🌊 Плажа Палеокастрица, Крф, Грција;
🌊 Зајачка плажа, Лампедуса, Италија;
🌊 Плажа Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија;
🌊 Плажа Паломбагија, Порто Векио, Франција.














