Доминиканската раперка Токиша (Токиша Алтаграсија Пералта Хуарез), позната по своите контроверзии, оскудни модни комбинации и фотографии на социјалните мрежи, повторно успеала да ја изненади јавноста. Музичарката присуствувала на доделување на наградите „Премио Ло Нуестро“, кое се одржа во Мајами.
Тaa пристигнала на таканаречениот виолетов килим во асиметричен бел фустан од Вивиен Вествуд. Иако навидум едноставен и елегантен, фустанот целосно ја открила едната нејзина града, на која ставила и лажен пирсинг.

Заедно со фустанот, кој ги открил и многуте тетоважи на телото на Токиша, таа носела и вртоглаво високи потпетици, какви што не гледаме често на вакви настани.

Познатата музичарка споделила неколку фотографии во необичнаta креација па предизвикала поделени мислења. Додека некои ѝ порачаа дека е „икона“ и „оригинална“, други се согласија дека нејзината комбинација е несоодветна за церемонијата на доделување награди. „Би сакала да го знам значењето зад нејзината облека. Има толку многу убави начини да се облечеме и да се претставиме, а погледнете го ова“, „Не треба да ги нормализираме ваквите работи, без разлика колку „впечатливо“ изгледаат. Ова е едноставно бесрамно“, „Не ја гледам ниту поентата ниту уметноста тука“, се само дел од коментарите.
Инаку доминиканската пејачка често го привлекува вниманието на јавноста, особено поради своите контроверзни постапки. Пред седум години, таа отворила профил на „Онлифенс“ откако Инстаграм ги избришал нејзини експлицитни фотографии.

Истите почнала да ги објавува на платформата позната меѓу креаторите на содржини за возрасни. Една година откако почнала да објавува експлицитна содржина, Токиша ја објавила песната „Desacato Escolar“, во соработка со музичарот Јомел Ел Мелос и продуцентот Лео РД. Песната предизвикала контроверзии поради нејзините особено експлицитни стихови, а синглот на крајот бил забранет во Доминиканска Република.
Една од најголемите контроверзии во нејзината кариера Токиша ја предизвикала во 2021 година, кога позирала во провокативна облека во светилиште во Ла Вега, но подоцна се извинила за тоа.


Токиша била во центарот на вниманието и во 2024 година, кога ѝ се придружила на Мадона на сцената во Медисон Сквер Гарден. Двете пејачки страсно се бакнале пред сите, а бакнежот бил дел од настапот во чии рамки двете провокативно танцувале. Меѓутоа Мадона и Токиша и претходно разменувале нежности пред публиката, на сцената на прославата на Прајдот во Њујорк.














