„Cacio e Pepe“ е класично италијанско јадење од Рим кое ја слави едноставноста. Потребни ви се само тестенини, сирење пекорино, маслиново масло и свежо мелен црн бибер кои се спојуваат во кремаст сос полн со вкус.
Овој рецепт докажува како неколку внимателно одбрани состојки можат да создадат извонредно гурманско доживување во само неколку чекори. Маслиновото масло не е задолжително во овој рецепт, но можете да го користите за да го збогатите ова јадење.
Состојки за две порции:
- 160 грама шпагети
- 100 грама сирење пекорино романо
- 20 милилитри маслиново масло
- свежо мелен црн бибер
- вода од варените тестенини
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во голема количина солена, зовриена вода според упатствата на пакувањето. Во еден сад измешајте го изренданото сирење пекорино, црниот бибер и маслиновото масло.
Во смесата додадете неколку лажици топла вода од варењето за сирењето да се растопи и да создаде кремаст сос. Додадете ги сварените шпагети и добро измешајте за рамномерно да се обложат со сосот. Јадењето треба веднаш да се послужи, а по желба додадете уште бибер и малку сирење.







