Шерил Кроу откри дека поминала девет месеци зрачење, но и „тага и лутина“. Пејачката не го споменала името на Армстронг...
Американската музичарка Шерил Кроу се потсети на својата бурна врска со пензионираниот велосипедист Ленс Армстронг и проговори за неговото неверство. Имено, пејачката откри дека нејзиниот поранешен вереник излегувал со „многу позната актерка“ додека таа се борела со ракот во 2006 година.

„Бев верена, имав три прекрасни деца од неговиот претходен брак, сакав да имам наши деца со таа личност. Раскинавме истата недела кога ми беше дијагностициран рак на дојка, а дознав дека тој се гледа со многу позната актерка“, изјавила кантавторката во новата епизода од „The Bobbycast“
Таа открила дека поминала низ девет месеци зрачење, но и „тага и лутина“. Пејачката не го споменала името на Армстронг.
Поранешниот велосипедист и музичарката ја започнале својата врска во 2003 година, а се вериле две години подоцна. Сепак, тие раскинале во 2006 година бидејќи Кроу сакала деца, а тој не бил подготвен. Армстронг зборувал за нивното раскинување во 2009 година во книгата „Ленс: Создавањето на најголемиот шампион во светот“.
„Таа сакаше брак, сакаше деца. Не е дека јас не го сакав тоа, но не го сакав тоа во тоа време бидејќи штотуку излегов од брак, штотуку имав деца“, напишал тој. Патем, поранешниот велосипедист бил во брак со Кристин Ричард од 1998 до 2003 година и заедно имаат три деца - синот Лук и близначките Грејс и Изабел.

Откако раскинал со Кроу, Ленс беше поврзуван со ѕвездата од ријалити-шоуа Кери Деубер, дизајнерката Тори Бурч и актерката Кејт Хадсон. Сепак, на крајот ја пронашол љубовта со Ана Хансен, со која започнал врска во 2008 година. Тие се венчале во 2022 година и заедно имаа две деца.
Шерил го посвоила својот син Вајат една година по раскинувањето со Армстронг, а во 2010 година го посвоиа и својот син Леви. Една година подоцна, таа ја објави својата врска со музичарот Дојл Брамал II, со кого се забавувала до 2014 година. Оттогаш, таа не е поврзана со никого.










