МВР со апел до охриѓани: Избегнувајте го реонот околу стрелиштето „Бејбунар“ поради утрешната вежба со боева муниција

Макфакс

27/05/2026

12:11

173

Големина на фонт

а а а

МВР упати апел до граѓаните на Охрид да избегнуваат да се движат во реонот околу стрелиштето „Бејбунар“ поради предвидена вежба со боева муниција и укажува на потребата од почитување на безбедносните мерки и забраните за пристап во заштитената зона.

Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведува вежбовно гаѓање со боева муниција.

Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

СВР Охрид апелира до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.