[ФОТО] Девојката на Бака Прасе го покажа совршеното тело во Монако: Јутјуберот ја почестил со накит вреден 30.000 евра

Супермен

09/06/2026

16:45

959

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна престојувал во Монако со својата партнерка Милена Стаменковиќ. Сега на социјалните мрежи ги открија деталите од луксузниот шопинг. За време на престојот во Монако ги посетиле најпознатите светски модни куќи и златарници, а сега јавно покажаа што сè купиле.

„Долго го посакував овој прстен, со години само го фотографирав на аеродромот бидејќи беше во излогот. Вака изгледа прстенот, изработен е од жолто злато и дијаманти“, вели Милена покажувајќи го накитот.

Прстенот што го носи на раката е парче од скап бренд и вреди дури 14.000 евра.


Нивниот шопинг тука не завршил.

„Следната продавница во која влеговме беше „Cartier“ и таму посакав прстен и нараквица и токму тоа го добив. Исто така е жолто злато и има четири дијаманти“, раскажала Милена.

Нараквицата од оваа колекција чини околу 11.000 евра, додека прстенот чини 2.400 евра.

Бака Прасе и неговата девојка посетиле и бутик, каде што купиле чанта и паричник, за што издвоиле околу 2.000 евра.


Само за накитот што Милена го добила биле издвоени повеќе од 30.000 евра, па се чини дека парот на ова елитно патување не жалел пари.

Бака Прасе сака да ѝ купи поголеми силикони

Јутјуберот зборувал за операциите на својата девојка Милена и рекол дека сака да ѝ плати операција на градите. Милена неодамна ставила силикони, а сега нејзиниот избраник вели дека сака да вгради уште поголеми импланти.

„Токму сега постигнавме договор. Јас не ги платив овие гради и се чувствувам како да немам право на нив и како да не се мои, а јас сум одговорен за оваа млада дама. Се договоривме јас да финансирам поголеми гради“, рекол тој.


„Сега имам 420 кубици, можат да бидат 550 кубици плус трансфер на масти“, му рекла таа, по што бил постигнат конечниот договор.

„Јас би сакал 610 кубици плус трансфер на масти“, рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk